Репрезентацијата на Швајцарија, која е еден од учесниците на Светското првенство 2025, на Мундијалот би можела да настапи без својот најдобар играч.
Имено, младата ѕвезда на Швајцарија, Мануел Зендер, заработи повреда на коленото на пријателскиот натпревар против Италија во рамките од „Yellow Cup“.
Членот на Магдебург повредата ја заработи во 42 минута од натпреварот и мораше теренот да го напушти со помош од своите соиграчи.
Сега на Зендер му претстојат неколку испитувања и наскоро ќе биде утврдена точната состојба на неговото колено.
Швајцарија има тешка група на Мундијалот и за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Германија, Чешка и Полска.