Некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, со реми дебитираше на клупата на Олимпијакос.
Неговиот тим одигра нерешено, 21-21, по голема борба во најголемото дерби на грчкиот ракомет против АЕК Атина.
Иако Олимпијакос водеше со 21-20, на десетина секунди до крајот, со бомба од 11 метри, Стипе Мандалиниќ, погоди за реми.
МВП на натпреварот беше уште еден поранешен член на Еурофарм Пелистер, голманот на АЕК Атина, Игор Арсиќ.
Најдобри стрелци во домашниот тим беше триото Савас, Домбрис и Слишковиќ со по четири гола, а кај АЕК најдобар беше Мандалиниќ со седум гола.
На табелата прв е Олимпијакос со 27 бода по 14 кола, додека АЕК Атина останува втор со 25 бода.