Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го промовираше новото засилување за продолжението од сезоната.
Кружниот напаѓач Мохамед Мамду ќе биде битки на линијата и би требало да го има своето деби на дуелот со данската Фредериција во Лигата на шампионите.
Мамду откри дека едвај чека да заигра во Битола.
„Во Еурофарм Пелистер има многу ракометари со кои сакав да играм, има многу легенди, ракометари кои играле во големи клубови во Лигата на шампионите и македонски репрезентативци против кои играв со репрезентацијата. Македонците се слични како нас, сакаат сонце, сакаат слобода и баш тоа го најдов тука. Во Египет има одлични навивачи, но така е и овде и едвај чекам да заиграм во Битола и да ја почувствувам атмосферата и поддршката. Зборував со Карим Хендави, тој ми е како брат, исто така и со Калифа Гедбан, со Суси, со Хосни…и ми кажаа дека ќе уживам во ракометот тука“, изјави Мамду.