Македонски двобој во ЛШ – познати групите за новата сезона

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени групите за новата сезона во женската Лига на шампиони.

Македонија нема да има свој клупски претставник, но две наши репрезентативки ќе играат во европската елита. Тоа се Сара Ристовска со Рапид Букурешт и Ива Младеновска со францускиот Брест Бретањ.

Двата тимови се најдоа во иста група, па така во првата фаза од Лигата на шампионите ќе има македонски двобој. Во групата Б се наоѓаат и двата финалисти од послендиот Ф4, бранителот на титулата Ѓер и вицепрвакот Лудвигсбург.

Лига на шампиони, сезона 2024/25:

група А: ФТЦ, Мец, ЧСМ Букурешт, Крим, Сторхамар, Никобинг, Подравка, Глорија Бузау

група Б: Вајперс, Есбјерг, Будуќност, Лудвигсбург, Ѓер, Брест Бретањ, Рапид Букурешт, Оденсе