Женската младинска репрезентација на Македонија со победа ги започна подготовките за настапот на Светското младинско првенство, кое во периодот од 19 до 30 јуни ќе се одржи во Скопје.
Избраничките на Дарко Јанев на првиот натпревар од турнирот во Автокоманда триумфираа против репрезентацијата на Бразил со девет гола разлика, 38:29 (18:17).
Македонија утре ќе тестира против Кина, додека на последениот ден од големиот пријателски турнир ќе игра и меч за пласман.
Младинките на Македонија на Светското првенство ќе играат во група заедно со репрезентациите на Исланд, САД и Ангола.
Првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група ќе обезбеди пласман во главната фаза.