Машката сениорска репрезентација на Македонија во Стара Пазова го одработува првиот дел од подготовките за настапот на Светското првенство во јануари.
Избраниците на Кире Лазаров вечерва одиграа пријателски натпревар против Нови Београд и запиша победа од 85:44.
На овој тест меч се играше 90 минути, односно 3×30, а по 60 минути игра резултатот беше 55:28 (27:11).
Шанса во составот на Македонија имаа сите 20 ракометари и сите ја искористија дадената шанса максимално.
Македонија до крајот од подготвителниот период во Србија ќе одигра уште два пријателски натпревари, против суперлигашот Динамо Панчево и против репрезентацијата на Саудиска Арабија.
Нашата репрезентација за ривали во групната фаза на Мундијалот ги има Унгарија, Холандија и аутсајдерот Гвинеја.