После долго време, Македонија ќе има пет машки претставници во европските ракометни купови.
Тимот на Тиквеш од Кавадарци, кој беше петтопласиран минатата сезона во Супер лигата побара вајлд-карта за учество во Европскиот Куп.
ЕХФ им додели вајлд-карта на кавадарчани, кои ќе стартуваат од првата рунда во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Минатата сезона кавадарчани дебитираа во Европа, но беа елиминирани од австрискиот претставник Кремс.
Покрај Тиквеш, во Европскиот Куп ќе играат Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда, Вардар е во Лигата на Европа, додека Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лигата на шампионите.