Македонија пак ја победи Турција

Младинската репрезентација на Македонија имаше успешни проверки во Турција, откако и вторпат славеше против домашната селекција, овојпат со 27-23.

Предноста на избраниците на Раде Стојановиќ на полувреме беше плус два, 12-10, а селекторот комбинираше со составот и им даде шанса на сите ракометари.

На вчерашната пресметка нашите младинци против Турција триумфираа со 15 погодоци разлика, 34-19.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Европското првенство во 2024 година во Словенија следното лето.