Женската репрезентација на Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026 кое за првпат во историјата ќе се игра дури во пет држави – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турија.
Македонија се најде во групата 3 и ќе игра против репрезентациите на Германија, Белгија и Словенија. Јасно е дека во оваа група, голем фаворит е германската репрезентација.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе го започнат квалификацискиот циклус со гостување кај Германија, а ќе го затворат со дуел против Словенија, исто така на гостински терен.
Во третото и четвртото коло ќе ги одиграат двата натпревара против Белгија, која важи за аутсајдер во групата.
1. коло, Германија – Македонија
2. коло, Македонија – Словенија
3. коло, Белгија – Македонија
4. коло, Македонија – Белгија
5. коло, Македонија – Германија
6. коло, Словенија – Македонија
- Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и 8 до 12 април 2026 година.
Македонија ги дозна ривалите – еве кои селекции стојат на патот до ЕП 2026