Селекторот на машката сениорска репрезентација Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари пред стартот на Европското првенство.
Меѓу 35 ракометари има едно непознато име за македонската јавност, а станува збор за Николас Најденовски.
Станува збор за ракометар што е роден 2006 година, има 17 години и шведски пасош, но и македонско потекло, а ЕХФ дополнително треба да одлучи дали тој ќе може да игра за нашата сениорска репрезентација, со оглед на тоа дека има настапи за младинските категории во Шведска.
Најденовски, кој има играно и ракомет на плажа за Шведска, во моментов е дел од составот на Луги и настапува во младинските категории на овој тим, а претходно беше дел од Ешлов.
Тој веројатно нема да се најде на скратениот список, но потегот на Лазаров да го смести на поширокиот, јасно става до знаење дека Македонија го посакува во своите редови овој талент.
Поширок список на Лазаров – еве кои 35 ракометари се во конкуренција за ЕП