Денеска е ден за одмор за машката младинска репрезентација на Светското првенство во Полска.
Утре момците на Раде Стојановиќ ги очекува нов предизвик и дуел со Исланд, но како Македонија така и „рибарите“, веројатно ќе играат во Президент Купот.
Потоа в недела одново ќе има ден одмор за сите селекции, а в понеделник и вторник ќе се играат натпреварите против Мексико и Мароко.
Во зависност од пласманот во таа група, по ден пауза в среда, в четврток и петок ќе бидат одиграни уште два меча и ќе се знае конечниот пласман на младинците на ова СП.