Откако основните 60 минути завршија со триумф на Македонија со 39-37 против Црна Гора, се одиграа дополнително уште триесет минути.
Третата третина исто така и припадна на нашата репрезентација, која постигна уште 15 гола, а прими 14, па со вкупен резултат од 54-51 беше подобра од ривалот.
По првата делница, нашите ракометари имаа водство од пет гола разлика, 22-17, а на овој натпревар шанса за настап добија сите ракометари.
Утре тие се враќаат во Македонија, имаат два слободни дена пред да се вратат на тренинзите, а на 4 и 5 јануари се играат двете средби против Грција во Скопје.
Македонија е во тешка група на ЕП и ќе игра против Германија, Франција и Швајцарија.