Репрезентацијата на Македонија одигра одлично пртоив силната Хрватска на пријателскиот натпревар во Вараждин, но загуби со 27:25.
Во првите петнаесетина минути се играше гол за гол, а избраниците на Сигурдсон во периодот од 15 минута, па речиси до паузата најчесто водеа со два до три гола разлика.
Предноста на „коцкестите“ во 20 минута беше 9:6, но во последните десет минути избраниците на Лазаров заиграа поангажирано и во 25 минута направија камбек, израмнија на 11:11.
Во последните две минути имаше голема борба, а составот на Кирил Лазаров успеа да ги надигра домаќините и на пауза замина со минимална предност од 14:13.
Еден од најзалсужните за предноста на „црвено-жолтите“ беше Никола Митревски, кој во првите 30 минути имаше девет интервенции.
По десет минути игра во вториот дел имаше промена, репрезентацијата на Хрватска ја презеде предноста и во 40 минута имаше 17:16. Нашата репрезентација парираше и не се предаваше до крајот.
Иако Хрватска водеше со 24:22, Македонија со два гола во низа израмни на 24:24 во 57 минута, а во последните три минути подобро се снајде домашниот состав.
Македонија до почетокот на Мундијалот ќе одигра уште две пријателски средби, против Сесвете на Игор Вори и против репрезентацијата на Зеленортските Острови.
Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар на СП ќе го одиграат на 15 јануари против Унгарија, потоа на 17 јануари силите ќе ги одмерат со Холандија, додека 19 јануари ќе играат против Гвинеја.