Екипата на Македонија ЃП со одлична партија го започна настапот во прволигашкиот плеј-оф, триумфирајќи убедливо над Металург РА со 31:25.
Македонија ЃП во плеј-офот пренесе девет бода, а со освоената победа сега се наоѓа на третата позиција со 11 бодa. Вториот од Автокоманда има 13, додека лидер е Еурофарм Пелистер 2 со 18 бодa.
Домашниот тим од самиот старт го наметна своето темпо, кое гостите не успеаја да го следат. На полувреме Македонија ЃП водеше со осум гола разлика, 14:6, а во второто полувреме немаше поголема промена на теренот.
Најефикасен во победничката екипа беше Михајло Костовски со седум погодоци, шест имаше Никола Иванов, а пет додаде Бојан Чакалиќ.
Кај Металург РА се истакнаа Филип Петровски и Џулијано Христоски, двајцата имаа по седум погодоци.
Во следното, 2. коло, ракометарите на Македонија ЃП ќе гостуваат кај Јехона, додека Металург РА ќе го пречека Драчево.