Машката младинска репрезентација на Македонија со две победи и еден пораз го заврши настапот на „Трофеј Карпати“.
Но и покрај тоа две индивидуални награди им припаднаа на нашите ракометари – Мирче Калајџиески и Самоил Ристевски.
Средниот бек Калајџиески беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч, додека пивотот Ристевски беше прогласен за најдобар дефанзивец.
Во мечот што беше практично финале, нашите младинци беа поразени од Романија со 36-32, но домашните во финишот имаа голема судиска помош.
Настапот на овој турнир беше дел од подготовките за настапот на Европското првенство 2024 година во Словенија.