Женската репрезентација на Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026 кое за првпат во историјата ќе се игра дури во пет држави – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турија.
Македонија се најде во групата 3 и ќе игра против Германија од првиот шешир, Словенија од вториот шешир, Белгија од четвртиот шешир.
Пласман на ЕП 2026 покрај петте домаќини обезбедија и триото медалисти од ЕП 2024 – Норвешка, Данска и Унгарија, а слободни остануваат уште 16 места за кои ќе се борат 24 селекции поделени во шест квалификациски групи.
Место на континенталниот собир обезбедуваат прво и второпласираните од групите, како и најдобрите четири од шесте третопласирани, па македонските дами не би требало да имаат проблеми да обезбедат ново големо натпреварување преку квалификации.
Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и 8 до 12 април 2026 година.