Машката репрезентација во ракомет на плажа го заврши турнирот во Плоцк од Светската турнеја на четвртото место.
Во мечот за бронза, Македонија беше поразена од Чешка со 2-0 во сетови, па ривалите се радуваа на третото место.
Првиот сет го доби Чешка со 26-20, додека во вториот беше уште поубедлива и славеше со 22-13.
Најдобри поентери во македонскиот состав беа Мартин Ивановски со 16 и Тодор Узунчев со десет поени.























