Македонија без проблеми против Сесвете

Репрезентацијата на Македонија вечерва против хрватскиот суперлигаш Сесвете го одигра вториот пријателски натпревар пред настапот на СП и триумфираше со 14 гола разлика, 42:28 (18:12).

Нашата репрезентација на 8 јануари тестираше со Хрватска, која ќе биде еден од домаќините на СП, и иако загуби минимално, сепак, покажа одлична игра.

Генералката пред стартот на Мундијалот, нашите ракометари треба да ја имаат на 12 јануари против селекцијата на Зеленортските Острови.

Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја на СП, а најдобрите три репрезентации ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Доколку избраниците на Лазаров обезбедат пласман на главната фаза, тогаш ќе играат со најдобрите три од групата со Франција, Австрија, Катар и Кувајт.