Маџовска и Цвикау пружија голем отпор на Борусија, но ривалот ќе се бори за трофеј

Тимот на Цвикау, каде игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, беше елиминиран во четвртфиналето на Купот на Германија.

Цвикау беше поразен на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 26-23, откако и на полувремето домаќинот водеше со 16-9.

Во вториот дел следуваше голем камбек на Цвикау предводен од Маџовска, која погодуваше во серија и донесе водство за нејзиниот тим со 19-18.

Сепак домашните се вратија во игра, ја преземаа контролата и во последните пет минути го скршија отпорот на Цвикау.

Маџовска имаше четири гола од шест обиди и беше втор стрелец во Цвикау. Покрај Борусија Дортмунд за трофеј во Купот ќе се борат Лудвигсбург, Бенсхајм и Бломберг.