Маџовска ем погодуваше, ем асистираше

Тимот на Цвикау каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, загуби во 22 коло од Бундес лигата.

Цвикау на домашен терен беше поразен од силниот Турингер со 38-24, а левиот бек од Македонија беше меѓу најдобрите на теренот.

Маџовска успеа да погоди четири пати од седум обиди во противничката мрежа, но и подели четири асистенции до колешките.

Македонката од недела ќе биде на собирот на националниот тим кој го очекува бараж двомеч за пласман на СП 2025 против селекцијата на Полска.