Maнасков и Штербик добија одмор пред Монпелје, колегите супериорни

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков и поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик добија ден за одмор од натпревари во првенството на Унгарија, но и без нив колегите од Веспрем беа суперирни на натпреваот против Мезоковесди победувајќи како гости со 46:26.

Веспрем влезе како фаворит на овој натпревар и тоа го оправда на теренот. Постојано беше во предност така што Давид Дејвис можеше да ги ротира ракометарите кои беа во составот.

Колегата на Манасков на лево крило, Мануел Штрлек реализираше осумпати, а најефикасен беше Словенецот Гашпер Маргуч со 11 погодоци.

Со оглед на големиот ростер можеше да им даде одмор на дел од играчите, па Манасков и Штербик можеа да се концентрираат на следниот дуел од Лигата на шампионите против Монпелје, на кој ќе мора да се брани 2. позиција во Групата Б.