Mиркуловски слави јубилеј – одигра 200 бундеслигашки натпревари за Вецлар!

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ја игра шестата сезона во Бундес лигата во дресот на Вецлар.

Тој на претходниот натпревар против Мелсунген, славеше јубилеј – 200 одиграни дуели во „зелено-жолтиот“ дрес.

Миркуловски по заминувањето од Металург во 2015 година, кратко играше за Хановер, а потоа замина во Вецлар.

Средниот бек ќе биде една од важните алки во играта на Македонија на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.