Mеталари и Николовски со двојна програма во Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Еврпскиот Куп кај мажите и жените. Покрај нашите судиски двојки што ќе бидат активни во декември, работа ќе има и за делегатите.

Камер Металари ќе биде делегат на првиот натпревар меѓу српскиот Динамо Панчево и турскиот Бешикташ од третото коло на машкиот Европски Куп што ќе се игра во Панчево на 3 декември од 18:00 часот.

Металари ќе има уште една задача во истата конкуренција и ќе биде делегат на реванш средбата меѓу словенечката Рибница и австрискиот Маргаретен што ќе се игра во Рибница на 10 декември од 19:00 часот.

Ацо Николовски ќе биде делегат на реванш натпреварот меѓу турскиот Бешикташ и српскиот Динамо Панчево од третото коло на машкиот Европски Куп што ќе се игра во Истанбул на 10 декември од 15:00 часот.

Николовски ќе има и втора задача во истата конкуренција на првиот меч меѓу словенечкиот Горење и српскиот Партизан што ќе се игра во Велење на 4 декември од 18:00 часот.

Судиите од Македонија доминираат – пет двојки со европски задачи