Машката репрезентација на Македонија утре го игра решавачкиот натпревар од квалификациите за ЕП 2026 против Литванија.
Победа од два гола ќе ни гарантира пласман на второто место и евро билет, но и Литванците си имаат свои пресметки, а селекторото Гинтарас Савукинас вели дека е реално да победат среде Скопје.
„Ќе биде многу тешко во Македонија и тоа ни е совршено јасно, но моите ракометари се одлучни во намерата да го освојат тој еден потребен бод. Словенија веќе е архивирана и се е насочено кон последниот предизвик против Македонија. Потребен ни е позитивен резултат во Скопје, барем еден бод. Мислам дека е реално повторно да ги победиме Македонците, исто како што беше реално да ги победиме дома. Но едно е да се игра дома, а друго на гости во Македонија, каде што знаеме каква поддршка има ракометот“, изјави Савукинас.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.