Легендарниот шпански ракометар, а сега тренер – Икер Ромеро, е нов селектор на машката репрезентација на Австрија.
Откако Алеш Пајовиќ реши да се посвети само на работата во бундеслигашот Фленсбург, Австријците решија да го ангажираат Ромеро.
Шпанецот веќе осум години гради тренерска кариера, од кои четири – од 2017 до 2021 година, му беше асистент на Антонио Ортега на клупата на Хановер.
Од 2021 година го води со успех на Битигхајм, а сега ќе го има најголемиот предизвик и ќе води национален тим.
Во играчката кариера Ромеро беше дел од Барселона, Адемар Леон, Сиудад Реал, а потоа играше и за Фуксе Берлин. За шпанската селекција играше на 200 меча и даде 753 гола.
Пајовиќ ќе ја води Австрија уште на последните две средби од квалификациите за ЕП 2026 против Швајцарија и Турција, а Ромеро ќе ја преземе за настапот на континенталниот собир.