, France vs Croatia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 18/01/2024, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Легендарниот Карабатиќ стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства

Еден од најдобрите ракометари во светот, ветеранот Никола Карабатиќ, кој се уште игра на одличнo ниво, стана најдобриот стрелец во историјата на европските првенства.

Карабатиќ пред денешниот одигран дуел со Хрватска влезе со четири гола помалку во однос на довчерашниот рекордер Гудјон Валур Сигурдсон, но против „коцкестите“ постигна пет погодоци.

Левиот бек токму со тие пет погодоци успеа да го собори рекордот на Сигурдсон и стана најдобриот стрелец во историјата на континенталните собири со 289 погодоци, додека екс репрезентативецот на Исланд остана на гол помалку, односно 288.

Францускиот репрезентативец на Европското првенство во Германија на четири одиграни натпревари имаше 10 реализации од 18 обиди.

 

Франција после тешка борба ја совлада Хрватска