Екипата на Загреб на доминантен начин ја освои титулата во Хрватска, откако го доби и третиот финален натпревар со Нексе, овој пат триумфираше со 14 гола разлика, 37:23.
За Загреб новата титула во националниот шампионат е 30-та во својата клупска историја, а за легендарното десно крило Иван Чупиќ вчерашниот натпревар со Нексе беше последен во неговата кариера.
Екс ракометарот на Вардар на клупско ниво настапуваше и за екипите на Рајн Некар, Келце, Горење Велење и Метковиќ, но со поранешниот шампион на Македонија ги имаше најголемите успеси.
Во дресот на „црвено-црните“ десното крило играше пет сезони и освои две титули во Лигата на шампионите, сезона 2016/17 и 2018/19.
Чупиќ останува во ракометните води и од следната сезона ќе биде помошен тренер во Загреб, односно асистент на Андрија Николиќ.
Чупиќ за целата кариера – отвори душа и призна: Во ВАРДАР МИ БЕШЕ НАЈУБАВО
Чупиќ кажа крај: Имам тежок карактер, фала на сите што ме трпевте!