Лазаров: Задоволен сум од ждрепката, но не треба да ги потцениме Естонија и Литванија

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026 година.

Ракометарите на Македонија ќе бидат дел од првата квалификациска група со селекциите на Литванија, Естонија и Словенија.

Селекторот Кире Лазаров ја коментираше ждрепката и истакна дека неговиот состав не треба да ги потцени репрезентациите на Естонија и Литванија.

,,Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“, изјави Лазаров.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три ЕХФ недели. Започнуваат веќе во октомври оваа година (4-10/10), потоа во март 2025 година (10-16/3) и во мај 2025 (5-11/5), по што ќе бидат познати сите учесници на ЕП 2026.

Maкедонија ќе брка ЕП преку Балтикот и Словенија!

Познат возниот ред: Старт со Естонија дома, двомечот со Словенија во 2025