Ракометарите на Аеродром ја запишаа втората победа во третиот меч од новата сезона во прволигашката конкуренција.
Пред налетите на момците на Митко Стоилов падна екипата на Илинден, која си замина со пораз, 40-31.
Гостите водеа и со четири гола во повеќе наврати во првото полувреме, но домаќините комплетно го надиграа ривалот во вториот дел.
На паузата беше 18-17 за домашните, а за триесетина минути во вториот дел аеродромци постигнаа дури 22 погодоци, одбраната беше на ниво и Илинден немаше шанси за нешто повеќе на овој меч.
Најдобри стрелци во составот на Аеродром беа Бојан Божиновски со 13 гола и Михаил Митаноски со седум, додека кај Илинден се истакнаа Антонио Наковски со осум и Петар Цветковски со шест погодоци.

























