Лазаров: Среќата се заслужува, ама ние изгледа уште не сме ја заслужиле!

Македонија одигра реми со Австрија 29-29 во првото коло од главната рунда на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека чувствата по ваков драматичен натпревар се измешани и дека жали поради тоа што не успеавме да стигнеме до победа.

„Можевме да бидеме задоволни, затоа што на крај постигнавме и гол,  но можеме да бидеме и незадоволни затоа што имавме пенал на две минути до крај, ако го дадевме ќе бевме во предност. Некако не не прати среќата, велат среќата се заслужува, па очекуваме да не прати во иднина. Горд сум на момците затоа што одиграа егал натпревар, не беше лесно против „досадна“ Австрија, добро подгтовена селекција на чело со Пајовиќ. Бевме точни и реализаторски добри, но не знаевме да го одговориме на играта „седум на шест“ дефанзивно. Можеби очекував од голманите една-две одбрани повеќе. Задоволен сум, но жалиме за Унгарија, жалиме и за Австрија“, изјави Лазаров.

Следен предизвик за Македонија на Мундијалот ќе биде натпреварот против Катар в четврток со почеток во 15:30 часот.