Селекторот Кирил Лазаров остана без двајца ракометари за вториот меч против Словенија на гостински терен во Копер.
По кружниот напаѓач Никола Маркоски, Лазаров остана и без левиот бек Дамјан Митев, кој се повреди на тренинг пред средбата со Словенија.
Митев заработи скршеница на коската на коленото, покажаа дополнителните лекарски прегледи и ќе мора да паузира најмалку месец дена.
Тие нема да бидат во комбинација за гостувањето во Копер, па Лазаров ги има на располагање уште голманот Иван Галевски и десното крило Александар Петковски, покрај оние што играа на првата средба со Словенија.
Мечот меѓу Словенија и Македонија се игра на 16 март во салата „Бонифика“ во Копер со почеток во 18:30 часот.