Лазаров пак на шопинг во Битола!

Актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија е на добар пат да донесе уште еден ракометар на Еурофарм Пелистер во Автокоманда.

Тимот предводен од Кирил Лазаров го има на листата на желби левиот бек на шампионот, Урош Борзаш, пишува Моцарт Спорт.

На српскиот репрезентативец му завршува договорот со битолчани, па нема пречки да го облече „сино-белиот“ дрес.

Одамна е познато дека Автокоманда ќе се пресели десното крило Ненад Костески, а нема да биде изненадување ако уште еден ракометар од битолскиот тим ги следи нивните стапки.

Претходно „сино-белите“ на полусезоната го донесоа и средниот бек на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Ивановски.