Хрватскиот шампион Загреб продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на клубот е белорускиот кружен напаѓач Матвеј Барбашински.
Станува збор за 21-годишен ракометар од Минск, висок 204 цм, кој важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција. Барбашински пристигнува во Загреб како дел од амбициозниот проект на клубот, кој ова лето ангажираше дури осум нови играчи со цел да биде уште поконкурентен на домашната и европската сцена.
Младиот Белорусин ќе формира квартет со Глеб Калараш, Златко Раужан и Петар Топиќ. Во Загреб веруваат дека неговите физички предиспозиции, борбеноста и потенцијалот ќе бидат значајна инвестиција за иднината.
Со неговото доаѓање, Загреб продолжува да гради млад и квалитетен тим, комбинирајќи искусни интернационалци со талентирани ракометари кои треба да ја носат иднината на клубот. Претходно дојдоа Јовица Николиќ, Глеб Каралаш, Мануел Штрлек, Диано Нерис Ќешко, Урх Кастелиц…како и тренерот Хрвоје Хорват.
























