Екипата на Алкалоид го одбрани трофејот на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, откако во финалето славеше над босанскиот Коњух со 28:27.
Бронзениот медал им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои беа подобри од црногорскиот Морнар Бар, триумфираа 39:30 (20:13).
На третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ учествуваа и екипите на Струга, Одорхеи од Романија, Бутел Скопје и Вардар..
За најдобар стрелец беше избран Данило Бутиќ од Морнар Бар, наградата за нај голман замина во рацете на Амел Мухавдиќ од Коњух, додека за МВП беше избран Мартин Крстевски од редовите на шампионската екипа.
Наградата за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Еурофарм Пелистер.