Горига нема да слави титула со Вардар – промовиран во Ал Калиџ

Ракометарите на Вардар утре ќе ја слават титулата во македонското првенство оваа сезона, но меѓу оние што ќе играат нема да биде левиот бек Дмитро Горига.

Тој си замина во текот на вчерашниот ден од Македонија, а привремениот негов клуб Ал Калиџ веќе го пречека во Саудиска Арабија.

Горига во Ал Калиџ заминува на позајмица, со оглед дека неговиот договор со Вардар важи до крајот на јуни.

По истекот на обврските кон македонскиот клуб, украинскиот ракометар ќе ја продолжи кариерата во унгарски ПИК Сегед, со кој потпиша на две сезони.