Кузмановски се врати дома, на терен против ПИК Сегед (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, кој го раскина договорот со Вецлар и потпиша со актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер, веќе се врати во својот роден град.

Левиот бек денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар Неготино го следеше од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“ и имаше можност да се запознае со нговите нови соиграчи.

Како што е познато, македонскиот репрезентативец на домашна сцена ќе настапи во следниот викенд, на дуелот против Бутел Скопје.

Што се однесува на меѓународни рамки, левиот бек ќе му биде на располагање на битолскиот тим веќе в среда кога пелистерци на домашен терен ќе се сретнат со ПИК Сегед.

Овој натпревар ќе биде во рамки од 8. коло од европската елита, а пелистерци со евентуална победа над унгарскиот вицепрвак ќе се израдуваат на првите бодови во Лигата на шампионите.