Кузмановски промовиран во Еурофарм Пелистер – тренерот Ангеловски му посака добредојде назад

Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, кој потпиша со актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер, веќе се врати во својот роден град и денеска беше промовиран.

Левиот бек по три сезони се враќа во Македонија и треба да му биде на располагање на тренерот Бранко Ангеловски веќе в среда кога пелистерци на домашен терен ќе се сретнат со ПИК Сегед.

Овој натпревар ќе биде во рамки од 8. коло од европската елита, а пелистерци со евентуална победа над унгарскиот вицепрвак ќе се израдуваат на првите бодови во Лигата на шампионите.

Кузмановски својот прв настап на домашна сцена, би требало да го има следниот викенд на гостувањето во Скопје кај Бутел.