Спомнувањето на РК Куманово секогаш се поврзува со името на Миодраг Јовановски – Црни, човекот кој децении е дел од најпознатиот спортски колектив во Куманово. Долгодишен ракометен тренер кој остави длабока трага со својата посветеност и работа во кумановскиот ракомет ја доби наградата за животно дело од страна на Општинскиот сојуз на спортови на Куманово.
Јовановски е дел од тренерскиот стручен штаб на машкиот клуб на Куманово, а во минатото работел и со женската екипа на Куманово. Работел и со младите категории на клубот.
За својата досегашна работа во спортот има добиено бројни награди. Бил прогласен за најдобар тренер во општина Куманово 1990, добирник на златна плакета од РФМ по повод за 60 години ракомет во Македонија, а има и Признание од Грдончалникот на Куманово.