Тимот на Куманово, кој со освоеното второ место во плеј-аут фазата успеа да со сочува суперлигашкиот статус за следната натпреварувачка сезона, се активираше на македонскиот пазар.
Довчерашниот член на Мулти Есенс, Теодор Тодески, е првото засилување во Куманово за следната сезона. Прилепчанецот настапува на позицијата лев бек и се очекува да биде една од главните алки во амбициозниот клуб.
Двометрашот во летото, 2021 година, од Металург ги засили редовите на тогашниот прволигаш Алкалоид. Левиот бек во следната сезона, 2022/23, дадената минутажа во суперлигашката конкуренција ја искористи на најдобар можен начин.
Во штотуку завршената сезона беше дел од тимот од Автокоманда, но овој тим испадна во Првата лига, па за левиот бек беа заинтересирани неколку клубови, но Куманово се избори за неговиот потпис.
Куманово допрва треба да го потврди тимот за новата сезона. Засега е познато заминувањето на десното крило Наум Костов. Поранешниот кадетски репрезетативец на Македонија одлучи да се врати во матичниот Охрид.