Ракометарите на Охрид на стартот на новата сезона од Супер лигата, не би требало да имаат тешка задача.
„Гладијаторите“ гостуваат кај новиот суперлигаш Радовиш, кој подоцна стартуваше со подготовките за претстојната сезона и дел од проблемите се надминати, но дел од нив остануваат нерешени.
Левиот бек на Охрид, Дејан Кукуловски, сепак е внимателен пред гостувањето кај Радовиш.
„Радовиш од оваа сезона повторно се враќа во Супер лига, секогаш биле незгоден противник кога играат на домашен терен, но ние имавме доволно време за да се подготвиме и спремни сме за новата сезона. Одигравме неколку натпревари и одиме подготвени да ја отвориме оваа сезона со победа”, изјави Кукуловски.
Натпреварот меѓу Радовиш и Охрид се игра утре со почеток во 19:00 часот во спортската сала „25 Мај“.