Кукуловски: Нема да биде лесно против Прилеп

Ракометарите на Охрид во рамки од 14. коло од Супер лигата на свој терен ќе се соочат со Прилеп, кој се бори за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата.

Избраниците на Стевче Алушовски на првиот натпревар во Прилеп триумфираа со четири гола разлика, 30:26.

Членот на Охрид, Дејан Кукуловски, истканува дека ќе мора максимално да влезат во утрешниот натпревар и да имаат мал број технички грешки.

„Прилеп е млада екипа, покажа дека може да се носи со сите екипи и покажа дека може да се бори за горниот дел од табелата, мислам дека нема да биде лесен натпревар, ние сме фаворити и мора фаворитската улога да ја оправдаме на теренот. Секако, како и на секој натпревар, така и в сабота ќе одиграме со сите сили и се надевам на продолжување на победничката серија. Ја анализиравме нивната игра, имаат добра одбрана, а ние треба да одиграме со помалку технички грешки“, изјави Кукуловски.

Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“,  со почеток од 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186