Тимот на Атлетик славеше против Стружанка со 40-27 во првиот натпревар од 25 коло во прволигашката конкуренција.
Со овие бодови избраничките на Татјана Хмирова собраа вкупно 40 бодови на првото место на табелата со биланс од 20 победи и еден пораз.
Овој дуел наликуваше како многуте на Атлетик оваа сезона, кој заслужено се пласира во елитата за наредната сезона и покажа дека е без конкуренција.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефани Ристиќ и Анастасија Величковска со по пет гола, а кај Стружанка се истакна Еџе Сејадин со 11 погодоци.
По мечот, од РФМ, ракометарките и стручниот штаб ги добија заслужените медали и пехарот за освоеното прво место и веќе можат да прават планови за идната сезона.
До крајот на сезоната, Атлетик ќе одигра уште три меча и тоа сите на гостински терен – со Шампион, Јехона и Овче Поле СУ.

























