Крстевски: Никогаш не било лесно против Бутел

Ракометарите на Охрид во рамки од 13. коло од Супер лигата за ривал го имаат тимот на Бутел Скопје.

На првиот меѓусебен сезонски натпревар, кој што беше одигран на 14 септември, избраниците на Стевче Алушовски триумфираа со 26:23.

Еден од поискусните во редовите на Охрид, Горан Крстевски, го најави утрешното гостување во Бутел.

,,Овој викенд гостуваме во Скопје кај Бутел, станува збор за една незгодна екипа, посебно на домашен терен, тие се релативно млада екипа, доста незгодни, имаме многу дуели одиграно против нив, никогаш не било лесно, се надеваме на добра игра, особено во одбраната и со лесни голови да стигнеме до победа”, изјави Крстевски.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186