Marko PANIC, Bosnia and Herzegovina vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 13.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

„Криво ми е што се посрамотивме пред толку многу публика, се извинувам…“

Машката репрезентација на БиХ во рамки од второто коло од групната фаза на Европското првенство кое се игра во Германија претрпе висок пораз од Холандија.

Иако избраниците на Ирфан Смајлагиќ во првиот натпревар со Шведска на моменти парираа, посебно во првиот дел, сепак, во дуелот со Холандија уште во воведниот дел капитулираа.

БиХ загуби од „лалињата“ со 16 гола разлика, 36:20, а еден од најдобрите поединци во босанската репрезентација, десниот бек Марко Паниќ, ја презеде вината за високиот пораз.

,,Во напад играме лошо и ги примаме тие лесни голови. Уште сум лут и нервозен, не знам што да кажам, јас сум крив. Јас сум највиновен и криво ми е што вака се посрамотивме пред толку народ, 14.000 навивачи го следеа натпреварот, 13.000 беа наши навивачи, каде и да ги погледнеш во салата имаше наши знамиња. Уште еднаш се извинувам во име на сите, во име на целата репрезентација, се надевам дека ќе бидеме подготвени за Грузија”, изјави Паниќ.

Репрезентацијата на БиХ токму во дуелот со Грузија ќе атакува на победа, со цел да го осови третото место во групата.