КРАЛОТ КАРАБАТИЌ: Единствен со три „грен слема“, има четири злата на ЕП, 71 трофеј во кариерата…

Со победата над Данска со 33-31 во големото финале на ЕП во Германија по продолженијата, селекцијата на Франција го освои четвртото злато на континенталните шампионати.

Дел од сите четири успеси беше Никола Карабатиќ, кој го одигра последниот натпревар на ЕП. Само за еден гол не остана на лидерското место на вечната листа на најдобри стрелци, но затоа стана еден од седумте ракометари кои по четири пати ја покорија Европа.

Пред него, тоа им појде од рака на Швеѓаните Мартин Франдесјо, Магнус Андерсон, Штефан Ловгрен, Штафан Олсон, Ола Линдгрен и Магнус Висландер, кои од 1990 до 2000 освоија четири злата на ЕП.

За разлика од нив, Карабатиќ во својата колекција има и две бронзи од ЕП, па се издвојува од елитното друштво.

Одамна Французинот стана единствен во историјата како трикратен „ракометен грен Слем“ – има по четири титули на ЕП, СП, а по три на ОИ и ЛШ, а има шанси сезонава да стане и единствен на кој четири пати му успеало да ги освои сите трофеи, ако освои титула во ЛШ со ПСЖ и трофеј на ОИ со Франција.

За Карабатиќ оваа титула на ЕП беше вкупно 71 во клупската и репрезентативна кариера.