Екипата на Овче Поле СУ на свој терен славеше над Астибо со 25:20 и освои нови бодови во Женската лига.
Тимот од Свети Николе во претходното коло беше подобар од Шампион, кој денес славеше над Гевгелија.
Ракометарките на Илија Бетувски во најголемиот дел од мечот имаа контрола на резултатот, на полувреме заминаа со предност од 13:8, позитива што за гостинките од Штип беше недостижна.
Одлична партија во победничката екипа одигра Јована Конева, која ги постигна поголемиот број на погодоци за својата екипа.
Конева во гостинската мрежа имаше дури 14 реализации, а освен во нападот, одигра одлично и во одбраната.
Кај Астибо најефикасни беа Марија Анчева со осум и Сара Кировска со пет погодоци.