Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска, запиша нова победа во шампионатот на Турција.
Коњалти во натпревар од 17. коло гостуваше кај Аскарај и без многу проблеми дојде до убедлив триумф од девет гола разлика, 38:29.
Меѓу најефикасните во победничката екипа беше кружниот напаѓач Гакидова, која имаше шест реализации, додека Ѓорѓиевска двапати се запиша во листата на стрелци.
Во досегашниот тек од сезоната Коњалти нема загубено бод, на 15 натпревари оствари исто толку победи и моментално се наоѓа на лидерската позиција со 30 бодови.
Следен предизвик за тимот на Гакидова и Ѓорѓиевска ќе биде дуелот против екипата на Текирдаг.