Откако не беа остварени целите за оваа сезона и да се освои барем еден трофеј на домашна сцена, во тимот на Нексе Нашице ќе има комплетен ремонт.
Oд Нашице им се заблагодарија на 10 ракометари, а бројката ќе биде 11 кога Гумерсбах ќе плати оштета за голманот Доминик Кузмановиќ.
Од Нексе заминуваат некогашните членови на Еурофарм Пелистер и Вардар, Ловро Јотиќ и Анте Гаџа, потоа Иван Сршен, Фахрудин Мелиќ, Џанфранко Прибетиќ, Предраг Вејин, Адир Коен, Марио Томиќ, Марко Рачиќ и Андраж Велкаврх.
Марко Безјак е суспендиран, но и покрај тоа веројатно ќе одигра уште една сезона во Нексе Нашице.
Новите засилувања не влеваат надеж дека Нексе ќе може да му конкурира на Загреб за домашните трофеи. Покрај Тин Лучин, би требало да дојде и пивотот Крешимир Козина, потоа пивотите Леон Вучко и Јан Кликов, десното крило Ибрахим Хасељиќ, десниот бек Александар Цениќ, како и левиот бек Луцијан Крајчар и голманот Антун Шариќ, кои доаѓаат од домашното првенство.