Колев тргна одлично со Курнон во Франција

Тимот на Курнон Доверњ кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, игра одлично на стартот на сезоната во Втората лига во Франција.

По поразите од силните Понто Комбо и Нанси, Курнон Доверњ на гостински терен приреди сензација и ја победи Селеста.

Тимот на Колев славеше кај Селеста со 31-30, а во четвртиот натпревар одново играше на гостински, овојпат против Каен.

Курнон водеше на полувремето со 17-15, но во вториот дел домашниот тим се врати во егал и мечот заврши 30-30.

Екипата на Колев во следното коло ќе игра дома со Анже.