Колешка на Маџовска ја заврши кариерата на 25 години!

Поранешната младинска репрезентативка на Унгарија, Рита Лакатош, соиграчка на Симона Маџовска во Цвикау, објави крај на својата ракометна кариера поради хронични проблеми со рамото.

Иако со месеци се обидуваше да се врати на терените, последен пат беше дел од составот на Цвикау во март, реши дека најдобро е да ја заврши кариерата.

„Сè пробав – операција пред доаѓањето во Цвикау, лекови, рехабилитација – но веќе не можам да играм на врвно ниво“, изјави Лакатош, нагласувајќи дека не сака да ризикува, бидејќи рамото повеќе не е како пред повредата.

25-годишната ракометарка со Унгарија освои бронза на Европското кадетско првенство во 2015 година и злато на Светското првенство во 2018 година.

Средниот бек кариерата ја започна во гигантот Ѓер, а потоа настапуваше за Мошонмаѓаровар, Вац, Бјасен, Шиофок, а од 2023 година е дел од Цвикау.

Во минатата сезона постигна 92 гола на 18 натпревари, но во тековната, поради повредата, настапи само еднаш.